Деветтоодделенката Дени Жерновска од основното училиште „Гоце Делчев“ е добитник на годинешата награда на општината Центар „Феникс“ во категоријата „Ученици и студенти“, за постигнување во културата.
Наградата ја доби и Марко Наумовски, студент на Медицинскиот факултет, за постигнувања во биологијата.
Наградата „Феникс“ традиционално се доделува од општина Центар и Советот за особени постигнувања во областите на стопанството, уметноста, воспитувањето и образованието, спортот и во други области на творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во државата и надвор од неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.