Драматична е ситуацијата со ЈСП откако директорот на ова претпријатие Драги Кушовски го потврди она што долго време се говореше во јавноста. Тој во неговото излагање пред советот на градот кажа дека од септември ситуацијата ќе биде уште полоша. На ЈСП му фалат автобуси, но кажа дека тешко се сервисираат и се наоѓаат резервни делови од причина што претпријатието е затрупано со долгови кои не може да ги сервисира.

Со оваа бројка на автобуси не можеме да го опслужиме ни летниот возен ред за кој знаеме дека е скратен возен ред. Колку и да работиме, колку и да сакаме, возачите не се во состојба да го реализираат возниот ред. Од септември кога ќе се воведе зимскиот возен ред, ситуацијата ќе биде уште потешка, бидејќи се зголемува бројот на автобуси. И ниту еден автобус да не се расипе ќе имаме недостаток од 100 автобуси. Во моментов недостигаат од 40 до 50 автобуси“, вели Кушовски.

Директорот посочи дека во моментов во сообраќај се вклучени од 190 до 200 автобуси, а зимскиот и летниот возен ред се правени за околу 350 автобуси.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.