Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од секторот канализација, утрово се на терен и ги чистат сливниците и шахтите на територијата на град Скопје, со цел системот да биде подготвен да ги прими водите по топењето на снегот и нормална функционалност на атмосферската канализација.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе ја следат состојбата и ќе продолжат со теренските активности во текот на денешниот ден, како и за време на викендот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.