Фијаско на протестот кој требаше да послужи како наводна реакција на лисичани против Деталниот урбанистички план кој тие го карактеризираа како спорен и „обид за бетонизација“.
Општина Аеродром изминатиот период организираше десетина отворени денови за граѓаните и можности за пополнување анкетни листови, на кои стручни лица од општината ги даваа одговорите за бенефитите кои овој ДУП ги нуди за жителите на населбата Лисиче. Покрај позитивните реакции од граѓаните од овој дел на Аеродром, кои во новиот ДУП увидоа решавање на разни комунални и инфраструктурни проблеми кои ги чекаа подолг период, позитивно се изјаснија сите останати надлежни институции и експерти од областа на урбаното планирање.
Но двоецот ЛЕвица – СДСМ реши да се обиде да ги изнесе граѓаните надвор, но мал беше бројот на оние кои протестираа.
Новиот ДУП, за разлика од плановите на претходните општински администрации, предвидува изградба на само еден објект за колективно домување, наместо претходно предвидените девет. Со него, се отвора простор за изградба на два нови паркови и дополнителни зелени површини, како и комунални и урбанистички решенија со кои граѓаните можат да ја планираат својата иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.