ЈСП ја информираше јавноста дека дневниот билет почна да се продава и во возилата на ЈСП Скопје. Тој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 05 до 24 часот.

Дневниот билет досега можеше да се купи само во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП, а со оваа одлука ЈСП сака да им го олесни купувањето билети на граѓаните.

Освен овој тип на билет, како олеснителна околност за сите оние корисници на јавниот превоз кои не поседуваат електронска картичка „Скопска“, постои опција за валидирање билет со мобилната апликација „Скопска“, која од неодамна е целосно функционална, информираат од ЈСП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.