Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински денес беше во посета на подрачната единица на претпријатието кое се наоѓа во општина Бутел, а дека е лоциран поголемиот дел од механизацијата и работните единици.

Се разговараше за капацитетите за работа, подготвеноста на работните единици и за актуелните предизвици со кои се соочуваат при секојдневното отстранување на дефекти од водоводната мрежа одржувајќи ја истата во солидна кондиција, информираат од ЈП Водовод и канализација

Директорот Перински истакна дека ќе продолжи блиската комуникација на службите во насока на обезбедување на квалитетна услуга за граѓаните на Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.