Општина Аеродром ја зголемува ефикасноста во работата преку имплементирање на мобилната и веб-апликација „мЗаедница – Аеродром“, со која ќе им се овозможи на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и со еден клик да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина.
Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска ја презентирашеа оваа интерактивна дигитална платформа со која почнува процесот на дигитализација на општинските услуги.
Апликацијата која на Општина Аеродром ѝ е дадена на користење без ниту еден дополнителен трошок е развиена од Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42 – 21“ кој ги следи глобалните трендови и динамиката на современото живеење и ја препознава потребата од дигитализирање на сите услуги што сè повеќе ни се потребни во секојдневието.
Проектниот менаџер во „Блинк 42-21“, Марија Василевска, истакна дека аеродромци преку успешниот проект „мЗаедница – Аеродром“ ќе можат да придонесат за развој на своите населби и посочи дека се среќни што локалната самоуправа и градоначалникот Муцунски го препознаваат значењето и потребата на дигитализацијата на локалните услуги, но и вклученоста на граѓаните во градењето на подобра заедница за сите.
Преку апликацијата секој граѓанин може по дигитален пат да аплицира за субвенции, без обврска да оди до архивата на Општината, но, и да дава предлози за животната средина, инфраструктурата во општината, градинките, основните училишта и другите области, како и да пријавуваат проблеми со кои се соочуваат. Граѓаните за пократко време и со помалку трошоци ќе ги остваруваат своите права, а општината ќе биде подобро запознаена со потребите на урбаните заедници, со што ќе се креираат и поквалитетни и поодржливи локални политики, изјави Василевска.
Општина Аеродром и „Блинк 42-21“ и во иднина ќе ја продолжат соработката во правец на модернизирање на услугите и сè поопфатна дигитализација за да се олесни пристапот на граѓаните до општинските услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.