Огромна риба од видот толстолобик денеска беше спасена од езерцето кај кафулето „Централ Парк“ во градскиот парк во Скопје.

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои веќе неколку дена го празнат и го чистат езерцето, денеска го извлекоа големиот толстолобик и привремено го свестија во кајак наполнет со вода.

Слатководната риба „бел толстолобик“ (Hypophthalmichthys molitrix) потекнува од Кина и кај нас може да се забележи во Охридско Езеро, Крушевско Езеро и во други акумулации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.