ВМРО-ДПМНЕ манипулира со податоци за вработени во ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје, добиени од свиркач кој не е пресметлив и е класичен „клинички случај“, поради што сите податоци се намерно измешани и тендециозни, се со цел да ја дискредитираат партијата и нејзиното раководство, соопштија од Демократски сојуз.
 

Само за потсетување, никој од посочените не е вработен во последните четири години, ниту пак има или имало било какво влијание блискоста на вработените со раководството на партијата. Во јавното претпријатие се вработени без партиско влијание, таму меѓу себе се запознавале, се дружеле, некои од нив стапиле во брак итн.

Најголемиот број вработени се примени во периодот од 2005 до 2017 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во Скопје, со свој градоначалник и мнозинство во Советот на Град Скопје. Загрижува и тоа што ВМРО-ДПМНЕ објавува неточни лични податоци и за лица кои немаат никаква поврзаност со партиите, ниту пак се јавни личности, за што ги повикуваме надлежните институции да реагираат.

Инаку, не сакаме да веруваме дека ова е алиби на ВМРО-ДПМНЕ за прогонот што се одвива спрема голем број од вработените во ЈП „Градски паркинг“ од актуелното вмровско раководство на претпријатието, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.