Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје информира дека поради санирање уличен дефект на ул.„Коле Неделковски” број 36, неколку улици во Општина Центар вечерва ќе имаат прекин на водоснабдување.

Со прекинот на водоснабдувањето од вечерва од 20.15 часот се опфатени корисниците на дел од улиците „Коле Неделковски”, „Мирослав Крлежа”, „Дебарца”, „Антонио Грубишич” и „Ото Жупанчиќ”. Прекинот ќе трае до завршување на активностите за санација на дефектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.