Според неофицијални информации експлозија во трафостаница на МЕПСО го остави Скопје без струја. Инфомакс објави дека во моментов има голем пожар во Кисела Вода, односно кај трафостраницата на МЕПСО во населба Пинтија. Во речиси цел град од 17.20 часот снема струја.

Во овие 40 минути со кратки интервали струја доаѓа неколку пати, но брзо ја снемува.

Од ЕВН велат дека не станува збор за проблеми на нивната мрежа бидејќи ниту тие немаат доток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.