По повод Денот на урбаната средина, 7 Ноември, утрото ни го разубавија околу триесетина дечиња од објектот “Бели Мугри” на детската градинка “Кочо Рацин” што ја посетија нашата општина и накратко се запознаа со работата на градоначалникот и општинската администрација, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Тие беа добредојдени од Секретарот на Општина Центар, Георги Трајчев, кој им упати порака да се развиваат во позитивни личности и секогаш да бидат ведри, насмеани и послушни. Општината е постојано отворена и достапна во секое време за сите граѓани, а особено нè радуваат ваквите посети на најмладите кои се нашата иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.