Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, го наклеветила Орце Тодоровски, помошник извршен директор на Македонската радио телевизија, одлучи Основниот граѓански суд.
Данела Арсовска на 6 декември 2022 година упати јавни прашања, при што, покрај останатите работи, за кои исто така беше обвинувана дека клевети и изнесува измислици, запраша и дали Орце Тодоровски, учествувал во договарање на набавка на 150 автобуси од Унгарија? Притоа таа го наклевети Тодоровски и дека е првообвинет во случајот „Делчевски ниви“. Тодоровски не беше првообвинет во случајот „Делчевски ниви“, а дополнитлно што овој случај е затворен откако се докажа дека е политички конструиран.
Тодоровски одлучи судски да докаже дека Арсовска се служи со лаги и клевети за да собере некакви политички поени. Судот донесе одлука во корист на Тодоровски, односно се докажа дека градоначалничата на Скопје клеветела и при тоа изнела навреди лажно обвинувајќи дека Тодоровски заедно со Христијан Мицкоски договарале набавка на 150 автобуси од Унгарија.
Арсовска треба да плати оштета и одлуката за клеветата која ја изнела во јавност треба да ја објави во дневен весник. Но, она што е поважно е дека и судски е докажано дека Данела Арсовска се служи со измислици за да оцрни противници и воедно да собере валкани политички поени. Честопати напаѓа, по што е демантирана со тврдење дека лажеи клевети.
Вниманието го привлекува и датумот кога е донесена пресудата 22 февруари 2024 година. Туќителот за истата е известен три месеци подоцна. Неговиот бранител ја барал пресудата, но во судството контролирано од СДСМ и ДУИ не можел да стигне до неа. Кога промените станаа јасни, и пресудата стана достапна за тужителот.
Данела почна да лаже без елементарен осет, Данела-же, Ви се смее, во очи ве гледа и дрско лаже, се само дел од коментарите и изјавите кои може да се прочитаат за Данела Арсовска. Се чини „мајката“ на градот е махер во измислување, набедување, лажење и клеветење. Сѐ што Данела во изминатиот период дрско обвинуваше се покажа само како обична лага. И додека Арсовска му го зема приматот на Пинокио, Скопје тоне и тоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.