Дамајн Марковски од Скопје тргна пеш до Острошкиот манастир во Црна Гора за подигнување на свеста за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија, објавија од Фондацијата Марко Божиновски.
Предизвикот на Дамјан е 400 километри пеш до Св. Василие Острошки.
„Запознајте се со Дамјан Марковски, спортист кој целата своја младост ја има посветено на фудбалските терени, а сега пред него е подвиг за кој ретко кој би се охрабрил да го исполни. Дамјан, кој во моментов има зад себе 32 километри, утринава во 6 часот од центарот на Скопје тргна пеш кон манастирот во Острог, оддалечен околу 400 километри! Имено, со ова пешачење Дамјан на свој начин изразува благодарност кон Св. Василие Острошки, манастир кој имал значаен придонес во оздравувањето на член на неговото семејство. Покрај тоа, оваа иницијатива ја користи и за покренување на свеста за интензивирање на медицинската грижа особено кај младите спортисти! Па така, тој ги повика сите да донираат симболичен износ на нашиот линк во био, додека не бидат објавени телефонските броеви за донација, а средствата собрани од оваа инцијатива ќе бидат искористени за набавка на Polar мерачи на срцевиот ритам“, стои во објавата за Дамјан.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.