Црвениот крст денеска во неговите простории во Скопје ќе отвори Центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка, чии клучни приоритети ќе бидат да развива програми наменети за едукација на пошироката јавност, дестигматизацијата на менталното здравје и зајакнување на резилиентноста на заедницата.
Покрај овие програми, ќе се обезбеди советодавна поддршка и врсничка едукација за важноста на менталното здравје и ќе бидат организирани тренинг едукации за сите институции – чинители во кризниот менаџмент на државата, соопшти Црвениот крст.
Отворањето на Центарот за ментално здравје и психосоцијална поддршка е мотивирано од заложбата да им се помага на ранливите групи граѓани во справување со последиците настанати од пандемијата, постојните и очекувани светски промени и зголемување на свесноста на глобално ниво за важноста на менталното здравје.
Центарот ќе го отворат генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска и министрите за здравство и за труд и социјална политика, Беким Сали и Јована Тренчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.