Бадник, денот предвесник на големото Христово раѓање, ќе се одбележува на Градскиот плоштад во Скопје.

Скопските коледарчиња од сите страни на градот, во 11 часот ќе се слеат на Градскиот плоштад каде што ќе бидат пречекани со мал Божиќен концерт на Златно славејче, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Стефан Филиповски (Некст Тајм), Димитар Андоновски, Пере (Нокаут)… Водители на настанот ќе бидат Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.

Во 11:30 часот ќе се оформи најголемата Бадникова поворка во Македонија, што преку Камениот мост ќе се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Децата учесници во поворката коишто ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, ќе бидат пречекани и дарувани од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, информираат од „Бадникови поворки“, Здружение за возобновување на вистинските православни вредности.

Бадникови поворки ќе има и низ другите скопски општини и градови низ земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.