Поради дефект на приклучна цевка ф „1“ на ул. „Лондонска“ бр.9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Лондонска“ во општина Карпош од 09:00 часот до завршување на зафатот за санација на дефектот.
Од РЦУК информираат и дека поради дефект во шахта (промена на вентил ф „3/4“) на ул. „Божидар Аџија“ бр.12 во Студентскиот Дом Пелагонија, во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Божидар Аџија“, „Иван Козарев“, дел од „Георги Димитров“, „Киро Крстевски“ и дел од „Вера Јоциќ“ од 09:00 часот до отстранување на дефектот.
Од јавното претпријатие информираат дека исто така поради уличен дефект „ф 2“ на ул. „Борка Талевски“ бб (кај О.У.Песталоци), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа и од улиците „Апостол Гусларот“ и О.У. „Песталоци“ од 08:00 часот до завршување на работите за санирање на настанатиот дефект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.