Карпошани, здружени во фејсбук-групата „Борба за Влае“, реагираат дека деновиве без табла, без никакво известување, се уриваат бараките на парцелата на киното „Влае“, на чие место е вцртано да минува улицата „Есперанто“, oбјави Вечер.

Тие сметаат дека на диво се работи за да се ослободи просторот за што побрзо да се изведе улицата и за да се направат услови за градба на десеткатница. Образложуваат дека според регулацискиот план што беше донесен од Град Скопје во 2021 година како и според ДУП-от што го предложи Општина Карпош, а беше укинат од Уставниот суд, на локацијата зад кафе-барот „Кино Влае“ треба да минува улицата „Есперанто“.

– Ова е целосна дезинформација. Иако, за волја на вистината, сопственикот има право на тоа, затоа што објектот и земјата се приватен имот – одговорија од Општината за Вечер.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.