Без струја утре ќе бидат делови од скопските општини Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, информираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Како што соопштиле од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија од осум до 13 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Славчо Стојменски“ во населба Драчево, општина Кисела Вода.

Електрична енергија ќе немаат во периодот од осум до 14 часот, дел од корисниците од село Долно Лисиче, општина Аеродром.

Во општина Ѓорче Петров пак, од девет до 12 часот – корисниците од улица број „4“ во село Волково. Од 11 до 14.30 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од улица „Мавровска“ во населбата Хром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.