Без електрична енергија утре од 08:00 до 13:00 часот ќе останат дел од корисниците во населба Злокуќани во општина Карпош, а од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од село Љубин во општина Сарај.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.