Општина Кисела Вода и во новата учебна година ја продолжува мерката за бесплатни униформи за сите 5.600 основци и бесплатно ранче со училишен прибор за секое прваче.

Сите 600 првачиња од основните училишта на територијата на општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно ранче, тетратки и прибор на првиот училишен ден. Бесплатни униформи ќе добијат и сите над 5600 ученици од основните училишта од Кисела Вода, изјави градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.