Општина Илинден за своите граѓани обезбеди бесплатен интернет пристап во комплетна должина на пешачката и велосипедска патека Марино-Кадино.
Определбата на Општина Илинден е да им овозможи бесплатни услуги на своите граѓани неопходни во секојдневното функционирање за лична употреба. Претходно, Општината овозможи бесплатен интернет во културните домови во Илинден, Марино, Кадино и Миладиновци, како и на фудбалското игралиште во Кадино – информираат од Илинден.
Оттаму најавуваат дека во следниот период ќе се воведат нови бесплатни интернет зони и на други на локации на територијата во општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.