Во текот на Велигденските празници граѓаните нема да плаќаат за паркирање на зонските пакиралишта во надлежност на ЈП „Градски паркинг” – Скопје.

Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг” – Скопје нема да се врши наплата во недела 24.4.2022 и понеделник 25.4.2022 година, соопштија од претпријатието.

Посочуваат дека со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко” и „26ти Јули” и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг” – Скопје им ги честита Велигденските празници на сите верници од православна вероисповед, со христијанскиот поздрав „Христос Воскресе!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.