Докторот Нико Беќаровски и се обрати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во кое побара таа да се повлече од градоначалничката функција.
„На моето Скопје
На моето Скопје му треба нов в.д. градоначалник УШТЕ ДЕНЕС, УТРЕ Е ПРЕДОЦНА !!!!
Некој/ја кој/а ќе има поддршка од сите советнички групи И УШТЕ ПОВАЖНО ДОВЕРБА МЕЃУ СКОПЈАНИ.
На моето Скопје му треба нов Закон за локална самоуправа со кој ќе стане една функционална градска целина, а не десет нефункционални општини и без вештачки вметнатите приградски општини Сарај и Арачиново. Само така нема да има постојано префрлање на надлежностите на релација град-општина.
На моето Скопје му требаат нови 100.000 дрва, место нови 100.000 доселеници, 1000 нови корпи, место 100 нови солитери, 10 нови паркови, место 10 нови молови, што повеќе културни оази, што помалку обложувачки бази и еден интегриран функционален мултивалентен ЈАВЕН ПРЕВОЗ.
Р.Ѕ. Skopje in North Macedonia holds the title for European’s least visited capital city.
P.P.S. Градоначалничке, ако и Вие како и јас немате друг резервен град за живеење,ќе Ве замолам повлечете се. Ѕидот стана превисок за да се урне со глава“, напиша тој на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.