За време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а веќе од 9 јануари ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимен возен ред кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
– На 7 јануари (недела) за сите билетарниците и центри за персонализација ќе биде неработен ден, а на 6 и 8 јануари (сабота и понеделник) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие.
Од вторник (9.01.2024 год) сите продажни места ќе продолжат да функционираат со вообичаено работно време.
Жичарницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.