Денеска се случи она за кое предупредувавме изминатата недела на редовната седница за ребаланс на Буџетот на Град Скопје. Нестручните и несериозните амандмани подесени од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го блокира градскиот буџет за што потврда добивме и од Министерството за финансии кои не’ известија дека буџетот не може да се вчита токму поради овие причини, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска
Лицемерието и деструктивноста на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има само една и единствена цел, а тоа е блокирање на Градот Скопје. Тоа сега се потврдува и благодарение на овие нестручни амандмани ниту ФК Вардар ќе ја добие финансиската помош која што ја очекува, ниту граѓаните ќе ги добијат субвенциите кои требаше да бидат поддршка поради енергетската криза која што следува, ниту скопјани нови садници во ек на сезоната на садење….
Според неа, поради блокадата на Буџетот со амандманите од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, нема да може да се изградат улици во Шуто Оризари, Чаир, Кисела Вода, Аеродром. Лицемерието се гледа и во нивното инаетење. Иако беа предупредени од страна на стручните служби, дека во оваа форма аманадманите ќе го блокираат буџетот одбија да ги преработат амандманите во смисла тие да бидат функционални.
Оттука не може да заклучиме ништо друго освен дека Трајко Славевски и советниците ги исполнуваат единствено желбите на нивниот лидер Христијан Мицкоски за што директно штета трпат Скопје и скопјани.. За ова однесување поднесовме и претставка до Инспекторатот за локална самоуправа, а срамот на советниците на ВМРО-ПДМНЕ и штетата од блокадата на Градот Скопје ќе се обидеме да ја надминеме во интерес на граѓаните.
Лично се заложувам, исто како што се заложив и на седницата на Советот да се надмине оваа состојба и да се реализираат сите проекти од интерес на граѓаните. Со блокади на Буџетот како оваа од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ невозможно е да се реализираат проектите кои се ветени на граѓаните и затоа апелирам до советниците наместо Христијан Мицкоски приоритет да им бидат граѓаните. Истото да го демонстрираат со конструктивна соработка и реално, а не лажно ќе демонстрираат поддршка на програмата за Градот Скопје.
Оваа програма мора да се реализира и бара свикување на итна седница на која ќе се изнајде решение за блокафдата која ја предизвикаа директно тие.
Би сакала да се осврнам и на она коешто беше актуелно за време на викендот и во текот на денешниот ден, а што се однесува на состојбата со приватните превозници Слобода превоз и Макепрес.
Од 01.06. 2021 до овој момент исплатени се 111 милиони од вкупно фактурирани 120 милиони денари за Слобода превоз, тоа го докажува и финансиската документација од ЈСП.. Што се оденсува до Макепрес за истиот период има фактурирано 44 милиони денари и сите се платени, затоа ги повикувам претставниците на Слобода превоз и Макекспрес да ги префрлат протестите пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ чиишто директори го генерирале долгот кој сега сакаат да го претсават како неуспех на градското раководство, а исто така и на новото раководство на ЈСП кое ги решева проблемите и долговите генерирани изминатите години.
Морам исто така да истакнам дека ми е многу жал што гледаме дека се политизираат ситуациите и состојбите во повеќе ЈП и тоа се на штета на граѓаните. Она коешто сакам да го демонстрирам е дека не само што нема проблеми, и она коешто успеавме да го видиме , кое се обидуваа да го направат со прекинувањето на јавниот превоз во ЈСП минатиот месец на неколку часаона е истото што случува и сега со приватните превозници. Нема долг за плати како што нема ова ракводство на ЈСП изгенерирано долг по основ на она што го имаат како обврска кон граѓаните. ЈСП пред се извршува дејност од јавен интрес, а приватните бизниси потребно е да најдат начин како да си го прилагодат работењето согласно нивните договори.
Со догворот за соработка со ЈСП кој го имат овие приватни превозници имаат обврски да ја фискализираат наплатата на билети, обврска за која што денеска апелирам до УЈП да излезат на терен и да констатираат дали истото се исполнува, затоа што од граѓаните континуирано добиваме информации дека не добиваат фискални сметки. Имаат обврска навремено да пристигнуваат на станиците и да одржуваат соодветно ниво на хигиена во автобусите. Ниту еден од овие услови не ги почитуваат согласно поплаките кои ги добиваме редовно од граѓаните.
Приватните превозници имаат склучено договор со ЈСП на две години, за разлика од претходните повеќегодишни договори, и тоа единствено со причина што во моментот кога го склучивме овој договор на две години апелиравме и им истакнавме дека ќе имаат обврска да ги усогласат еколошките стандарди за Скопје да не биде континуирано загадено од емисија на штетни гасови… Сметам дека ова кое што сега се обидува да се исполитизира има и тоа што не верувам дека преземаат никакви мерки, да се усогласат на еколошките стандарди за она кое што го најавивме за нивниот возен парк, да имаат минимум ЕУРО 4 стандард.. Сметам дека токму ова можеби е причината зошто се најавуваат вакви протест.
Сакам да се осврнам на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски која што ја имаше денеска и сметам дека неговата несмасна изјава е дел од неговото политичко неискуство и нема да ја земам за зло, сметам дела ќе има време да покаже и да демонстрира дека не мислел ништо лошо.
Сакам јавно да прашам кој ќе ги одземе ингеренциите негови и на Владата за нереализација на сите оние проекти кои ги ветуваа а не ги релзизираа. Кој ќе го доврши автопат Кичево-Охрид кој се гради 9 години? Кој ќе го доврши проектот за нов Клинички центар кој се ветува еве веќе цела деценија? Кој ќе му ги одземе ингеренциите за изградба на , автопатот кон Крива Палнка, кој ќе му ги одземе ингеренциите за неспроведувањето на натикризни мерки кои требаше да ги превенираат ценовните шокови во Македонија?
Таа има порака и д Ковачевски,
Денеска би сакала да Ви порачам, да апелирам, да ги исполните прво своите ветувања во рамки на своите ингеренции па да разговаарате за ингеренциите на Град Скопје.
Во моментов активно се работи на клучката кај Момин Поток, проект кој го наследивме од претходниот градоначалник со бројни проблеми кои што успеавме да ги отстраниме и сега активно работиме на тоа овој проект да се реализира согласнопредвидената динамика.
За она кое што Ковачевски го спомна на ЈСП, сакам да го потсетам дека ова претпријатие стана згубар токму за време на работењето на СДСМ и Петре Шилегов како нивен градоначалник. И го повикувам премиерот да ги употреби своите ингеренциии да ја повика финансовата полиција да го провери работењето на Шилегов и претходниот директор на ЈСП за она кое што беше истакнато во јавноста дека веќе има пријава за проневера од околу 33 милиони денари од тој период.
Кога зборуваме за Универзлна Сала, го повикувам да ги искористи своите ингеренции и да изврши ревиизја на проектот кој беше фамозно дониран на Градот Скопје, кој е иницијатор на сите проблеми кои се појавија во реконструкцијата на Универзална Сала, а гледаме дека сега настануваат проблеми кои бараат нешто кое е решение кое ги загрозува и жителите на Град Скопје, и луѓето кои работат таму.
За подвозникот кај Лимак, за кој беше споменат дека камче не било поместено за да се реализира, само колку за илустрација да го известам премиерот Ковачевски дека од пет фази во реализација се фазата 3 и 4 кои се очекува да бидат целосно завршени следната година, а и покрај тоа што претхосното раководтсво на СДСМ имале 4 буџети за реализација на фазата 1, 2 и 5 воопшто не ги планирале во нивните буџети, а не па да се реализира во некаква постапка. Првите активности преземени да се реализираат овие фази се отпочнуваат дури сега и небулозни се трвдењата дека некој нешто не презема, аодговорноста треба да се бара на друго место, знае господинот Ковачевски кое е тоа место.
На крај, последното нешто кое што беше споменато беше пречистителната станица и морам да истакнам дека ја разбирам потребата на двете политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои имаат огромен интерес да ја преземат изградбата на пречистителната станица да напаѓаат. Впрочем и двете партии до пред некој месец имаа свои претставници во комисијата која одлучуваше по понудите за изградба на пречистителната станица.
Јасно ми е дека одлуката да се сменат членовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вознемири доховите на овие засегнати страни но едно мора да биде јасно:
Политички договори за богатење со народни пари нема да дозволам се додека сум јас градоначалник на Град Скопје! Знам дка не им е мило што го слушаат ова, многу ми е жал што морав јас да бидам камен на сопнување за сега овие две најголеми политички сили во Македонја да ме напаѓаат и тој притисок веројатно е оправдан имајќи го предвид нивниот интерес.
Сакам да истакнам дека пречистителната станица ќе се гради согласно динамиката која што беше договорена, но согласно Закон и без политички влијанија-заврши градоначалничката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.