Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостување на Канал 5 телевизија, изјави дека конкретно, лично и директно добивала закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите „доколку не го направиш ова, ќе ти се случи тоа и тоа“. „Во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе“. Верувам дека не жена, ниту еден човек не треба да биде ставен под таков притисок. На оној што ги искажува овие закани не треба да му се дозволи ниту еден момент да биде во функција, во која што ќе може да ги исполни овие закани, посочи Арсовска.
Таа исто така, ги демантираше обвинувањата дека остварила тајна средба со премиерот Димитар Ковачевски и порача дека не планира таа да се повлече од функцијата.
Успеа Мицкоски да излезе во медиумите и да каже дека нема да бара моја оставка, но дека не сме занеле што ќе ми донесе животот и граѓаните ова треба да го осудат. Доколку мислиле дека со ваков притисок ќе предизвикаат да се повлечам, тоа нема да го сторам, изјави Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.