Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари средба со амбасадорот на Полска Н.Е. Војциех Тицињски.

На средбата стана збор за проектите што се приоритет во работењето на градската администрација, со посебен осврт на зелената транзиција, подигањето нови мега паркови и активностите што се преземаат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина.

Арсовска и Тицињски разговараа и за можностите за продлабочување на соработката меѓу Градот Скопје и Амбасадата на Полска, за развој на туризмот во Скопје и зголемување на бројот на туристи од Полска, привлекување странски инвестиции со оглед на фактот што Полска е единаесетти трговски партнер на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.