Проблемот со затворената сала „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров ја дигна скопската градоначалничка Данела Арсовска на говорница. Арсовска ретко одговара на советничките прашања, но по се изгледа советничката од ВМРО-ДПМНЕ МАрија Андоновска ѝ го погоди прашањето на Арсовска.
Арсовска, иритирана од настапот на Андоновска дека побитен ѝ бил бизнис- интересот од спортскиот живот во Ѓорче Петров, ѝ рече во свој стил и со „речник на ниво“ дека едноставно лаже.
Се уби од лажење. Прво, срамно е да застанете и да лажете дека на ѓорчепетровци им е одземено нешто. Никому ништо не му е одземено. Таа одлука ја донесовте во овој Совет за да се направи некаков ред. Ред ќе има, ќе нема привилегирани. Престанете со политиканство! Таа одлука ќе се спроведе за сите да имаат подеднакво право, да нема привилегирани, реагираше Арсовска.
Андоновска ја повика Арсовска да им ја врати салата „Кочо Рацин“ на клубовите што „таа им ја одзела“ со образложение дека не била безбедна. Таа не реагираше на изјавата на Арсовска околу лажењето.
Арсовска, пак, појасни дека ќе биде објавен јавен повик преку кој секој ќе може под еднакви услови да аплицира и да си добие термин за вежбање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.