Не ја разбирам вообразеноста и коментарите на Таравари, со оглед на тоа што соработката ни е завршена уште вчера. Кадровски решенија може тој лично да си поставува во Гостивар, а не во Скопје, вели градоначалникот на Скопје, Данела Арсовска во врска со денешната изјава на градоначалникот на Гостивар од Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари за инцидентот кај споменикот на Скендербег.

Со личност која напаѓа, која нема етички компас, оправдува во било која форма насилство и напад со огнено оружје како во вчерашниот инцидент и подгрева меѓуетнички тензии, нема основ да се соработува.Скопје е град на соживот, солидарност, во кој нашите сограѓани треба мирно и безбедно да живеат и да се почитуваат, вели Арсовска.

Доколку е точно дека е разрешен директорот на „Комунална хигиена“, ќе побарам од претседателството да ја прекинеме соработката со Данела Арсовска, кажа Таравари.

Јас не знам дали е разрешен, ако е разрешен мислам дека тука завршува нашата приказна во Скопје, оти за да се разреши треба градоначалничката прво барем да нè консултира нас. Ова го зборувам лично, меѓутоа, денеска ќе имаме и партиски состанок, јас лично ќе побарам од претседателството, мислам дека овде завршува нашата приказна во Скопје со Данела Арсовска. После 12 навечер да разрешува директори, без да се консултира, тоа е неприфатливо, кажа Таравари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.