Два дена дупка на оградата на Мост на револуцијата или Мост на љубовта, а на Град Скопје око не му трепнува. Граѓаните се жалат дека пешачењето по тротоарот на мостот преку реката Вардар што ги поврзува булеварите „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“ во центарот на Скопје е целосно небезбеден.
-Не знам што се случило, но оштетената ограда стои вака два дена. Целосно е небезбедно. Возрасните се чувствуваат небезбедно, а да не зборуваме за дете. Не знам дали никој не гледа, или може чекаат тендер или да дојдат нови избори за ова да се санира – коментира скопјанката Маријана која секојдневно поминува на мостот движејќи се кон работа.
Граѓаните прашуваат каде е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Скопје никогаш не било позапуштено и понебезбедно.
-Ова навистина е срамно. Што се чека? Да се случи трагедија па да се фатат за работа?! И после пак кривецот ќе биде некој обичен смртник, а вина кај градоначалничката и нејзините соработници ќе нема. Дупкава е езива, ризична – коментира минувач на мостот.
Граѓаните велат дека доаѓа викенд и сигурно никој нема да си го наруши одморот за да го реши проблемот. Така оваа рупа во оградата ќе стои најмалку до понеделник. Но искуството, коментираат граѓаните, покажало дека оваа дупка ќе чека уште многу понеделници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.