Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вели дека директорите на јавните претпријатија од ВМРО-ДПМНЕ добиле понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени.

Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени.
Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери. Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани, пишува Арсовска на Фејсбук и во официјалното соопштение испратено до медиумите.

Поради незадоволство од работата на Град Скопје и отежната соработка оставки поднесоа директорот на Дрисла Јане Мицевски и директорот на Градски паркинг Бојан Христовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.