Денес со амбасадорот на Индија Н.Е. Санџај Рана, присуствувавме на свечена академија по повод Меѓународниот ден на Ромите на покана на Шабан Салиу, претседател на Демократски сили на Ромите. Само доколку се почитуваат различностите, со взаемна почит, може да се постигне напредок во општеството за сите граѓани, напиша градоначалничката на Град Скопје,  Данела Арсовска на својот фејсбук профил.

Денешниот ден и неговото одбележување, ја симболизира почитта кон ромската заедница и нејзината автентична култура.

Затоа ги славиме различностите и доколку работиме заеднички и се почитуваме, можеме да постигнеме голем за напредок за сите граѓани. Почитувани претставници на ромската заедница во Македонија, драги пријатели, ви го честитам денешниот празник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.