Барањето на ЗЕЛС до Владата е барање од 81 општина и не е барање за помош на општините, туку е во интерес на граѓаните кој треба да се стави како приоритет. Ако овие јавни услуги не стигнат до граѓаните, граѓаните се оштетени, истакна градоначалничката Арсовска и претседателка на ЗЕЛС при гостувањето во Економски магазин на Алсат телевизија.

Побарано е надоместување на разликата од сметките пред и оние за време на енергетската криза. Средствата на општините се лимитирани, голем дел од нив се презадолжени и да не би биле презадолжени, и да се обидат во делот на редовните буџети со ребаланс да се покријат во делот на електричната енергија и снабдувањето, тие само со две сметки за струја го исцрпуваат целиот свој буџет. Што ќе прават потоа?! Ова е голем проблем за кој мора да се седне на маса да се разговара и да се реши. ЗЕЛС повеќе од еден месец нема одговор на она што иницијално го доставивме како барање, а тоа да се излезе пресрет по неколку точки што ги побаравме. Разбираме дека треба да се разгледа, но времето тече а сметките и долговите се генерираат. Дел од општините започнаа со рестриктивни мерки, а дел се соочени потенцијално со целосно исклучување на струјата. Проблемот не е само да се репрограмираат или на рати да исплаќаат долговите. Проблем е и тоа што јавните претпријатија и образовните институции се соочени со истите проблеми, каде дотациите се намалени во споредба со тоа што биле во претходната година. Затоа навистина е неопходно се одржи овој состанок меѓу ЗЕЛС и Владата, за да се заземе генерален став како ќе се помогне на општините – потенцираше Арсовска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.