Сите 22-ца градоначалници во раководството на ЗЕЛС пред премиерот Ковачевски ќе имаат можност да образложат зошто е неопходно да добијат помош во плаќањето на сметките за електрична енергија, а со тоа да ја убедат Владата да им излезе во пресрет, вели првиот човек на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Таа за телевизија „Алфа“ најави радикализација ако Владата не ги сослуша и нема слух за нивите барања
-По овој состанок ние ќе излеземе со ставовите, но генерално заклучоците кои ги имавме последната седница на управниот одбор на ЗЕЛС, со тоа што прво беше да го побараме овој состанок со цел да ги изнесеме своите аргументи, а второ доколку истите не бидат прифатени односно не бидат сослушани, дека целиот овој процес кој што го најавивме ќе се радикализира, затоа што, веруваме дека треба пред се треба да им се помогне на граѓаните кои што се во локалната самоуправа, а не да им се помага на локалните самоуправи бидејќи тие како такви постојат единствено за граѓаните, вели Арсовска за Алфа.
Премиерот Ковачевски ја прифати средбата со ЗЕЛС, ама ги искара градоначалниците бидејќи требале да мислат на кризата кога го планирале буџетот и не предвиделе ставки за да се справуваат со кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.