Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода е новиот претседател на ЗЕЛС, одлучи мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС на денешната седница. Ѓорѓиевски на местото претседател на ЗЕЛС доаѓа откако од оваа функција е разрешена градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
Потпретседателите на ЗЕЛС, Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир и Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово, остануваат на истата позиција, а досегашната претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје продолжува со активностите во ова тело, како член на Управниот одбор. Всушност и според Статутот на ЗЕЛС, градоначалникот на Град Скопје по функција е член на Управниот одбор на ЗЕЛС, информираат денеска од ЗЕЛС.
На оваа седница, Управниот одбор донел и заклучок за упатување на итно барање до Владата на за одржување на заедничка средба на која главна тема на разговорот ќе биде изнаоѓање на соодветни решенија за предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа, поврзани со енергетска криза. Било нагласено дека општините се доведени во колапс од високите сметки за електрична енергија и дека ваквата состојба најголемиот број на општини не би можеле да ја издржат ниту уште еден месец.
На 14 седница, Управниот одбор дискутирал и за предлог Меморандумот за соработка со Владата, кој веќе една година беше на разгледување од централната власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.