Стефан Андоновски, советник во град Скопје и секретар за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за „работењето“ на градоначалничката Арсовска и потенцираше дека неколку месеци по стапувањето на функција освен на панел дискусија и фотографирање неколку пати на еден ист проект, таа всушност не работи ништо.
Има две оценки по кои можете да цените дали човек е добар менаџер како што се претставува или не е всушност тоа. Едната оценка е какви му се меѓучовечките односи во тимот кој што работи односно како се однесува кон луѓето кои што му се околу него, под него подредени и така натаму. Вториот дел е дали ги реализира проектите и програмите. Уште на почетокот се виде дека меѓучовечките односи на градоначалничката не и се јака страна, имате изблици на ароганција, дрскост кон вработените, соработниците за што говори и фактот дека за десетина месеци откога е на функција од градот си заминале над 45 луѓе, а околу 20 луѓе кои јас ги познавам и беа ангажирани во тимот на градоначалничката си заминаа, ова зборувам за луѓе кои дојдоа со нејзиното доаѓање на позицијата. Во првиот период на оние мали проекти, ситни проекти имаше реализација од страна на градоначалничката, тука мислам на мапирањето, чистење на депониите кои беа да речеме едноставни активности кои всушност јавните претпријатија ги правеа по налог на градот. Но после 8 месеци гледате дека градоначалничката освен учество на панел дискусија и фотографирање неколку пати на еден ист проект, таа всушност не работи ништо – истакна Андоновски.
Советникот Андоновски во врска со „работењето“ на Арсовска посочи дека нема реализација на проектите од програмата на градоначалничката „За Модерно Скопје“ затоа што над 40 постапки на процеси на тендери за јавни набавки се поништуваат од страна градоначалничката од сомнителни околности.
Многу едноставни примери се, примери за кои Советот даде полна поддршка, на пример реализација на луна паркот во Скопје, имавте стар проект од Коце Трајановски, еден малку чуден проект на Петре Шилегов и имавте фузија на тие два проекти. Советот на град Скопје во полно мнозинство даде поддршка за овој проект, никаква реализација. Тука е кружниот тек на влезот во Сарај, паѓа тендерот неколку пати, не може да се реализира овој проект. Имате проекти за изградба на улици во Бутел, Карпош, требаше да има крупна реализација на булеварот Словенија, значи зборувам за голем број проекти кои произлегуваат од програмата на градоначалничката, ние ги вклучивме за оваа година, во ребалансот се префрлија средства за овие проекти, сите одлуки се донесоа и нема реализација. Нема реализација затоа што над 40 процеси на тендери за јавни набавки се поништуваат од градоначалничката од сомнителни околности, особено затоа што дел од нив по прекинувањето на тендерската постапка се менуваат комисиите, се додаваат нови членови на тие комисии, се менуваат одговорните лица и така натаму – додаде Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.