Како советници сите, а градоначалникот добивме барање од повеќе од десетина спортски клубови од општина Ѓорче Петров каде што бараат да им се врати салата за спортување, ова е преседан, никогаш досега со децении. На некој му текна прв пат да им ја одземе салата, од која причина го правите тоа. Има извадоци од социјалните мрежи каде овие клубови посочуваат лица дека се работи за бизнис интереси, откажете од тоа и вратете им ја салата, изјави советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, на седницата на Совет на Град Скопје.
Таа посочи дека не е страшно и срамно ако им се врати салата, страшно и срамно е ако не се врати.
Друг пат ќе видиме дали постојат бизнис интереси, сега бараме да им ја вратите или дадете одгвовор дали бизнис интересите се поважни од спортскиот живот во Ѓорче Петров, рече Андоновска.
Андоновска потоа постави прашање до директорот на Музеј на Град Скопје дали добил дозвола за сите реновирања од Агенција за заштита на културно наследство бидејќи информациите говорат спротивно.
Второто прашање за директорот на Музеј на град Скопје, каде во електронскиот систем за јавни набавки гледаме дека склучил договор за реновирање со фирма од Мала Речица. Според нашите информации ова не е единствен случај, прашањето е дали за сите овие реновирања каде постои законски основ да се побара дозвола од Агенција за културно наследство, директорот буквално сите реновирања има побарано дозвола, бидејќи моите информации говорат дека нема добиено за сите дозвола, рече таа.
Андоновска на крај ја праша и градоначалничката дали, кога и каде ќе го врати споменикот од Ќосето или тоа е уште една лага на Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.