Поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази, се јави со изјава за ТВ21 откако општината денеска стави клуч на врати и актуелниот градоначалник Ридван Ибрахими пред медиумите рече дека нема услови за работа по претрпените закани.

Ајвазиј во изјава за ТВ21 вели дека земјиштето не е узурпирано туку со него управува неговото семејство и, како што рече, некои други сиромашни семејства Според него, ова земјиште се користи веќе десет години и овие семејства живеат од истотот. Тој негира дека му се заканувал на градоначалникот.

Тоа не е точно. Друго е узурпацијата, друго кога ја имаш под управување. Ова земјиште е стекнато во 2013 година. Таму има неколку семејства кои немаат приходи и од неа се хранат најмалку 150 луѓе. Каков напад е тоа ако отидеш лично и бараш документ или му однесеш документ и тој побара полиција и обезбедување? Полицијата со командирот и петмина полицајци кога отишле таму биле сведоци и велат дека немало никаква закана. Беа административните работници, немаше никаква закана. Има камери!“, изјави Брахим Ајвази – поранешен градоначалник на Арачиново.

Брахим Ајвази со заканувачки тон понатаму вели дека Али Ахмети морал да посредува во предметниот случај.

Имав апел до претседателот на ДУИ, Али Ахмети, да не дозволи да се препукуваме со изјави по медиумите, да ни се јави, да не седне и да не праша каде ни се проблемите. Дијалогот ги решава проблемите, но ако се оди вака, можеби може да дојде најлошото“, додаде Ајвази.

Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација денеска нема да работи поради „безбедносни причини“. Во објавата се додава дека ваквата одлука е донесена откако „по втор пат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот,Ридван Ибрахими “.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.