Потпретседателот на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) и еден од предводниците на незадоволните членови на партијата, Изет Меџити, во изјава за „ТВ21“ ја искоментира одлуката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го именува Бујар Османи за координатор на огранокот на партијата во Чаир.
Меџити вели дека оваа одлука е нелегитимна, бидејќи не поминала низ партиските органи.
„Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи“, вели Меџити.
Според информациите на ТВ21, одлуката за именување на Османи за прв човек на чаирскио огранок дошла по предлог на лидерот Али Ахмети, со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.
Османи, заедно со Артан Груби, е меѓу владините функционери од чие работење се најнезадоволни „огнените“, кои со месеци бараат партискиот лидер Ахмети да ги разреши двајцата од функциите во Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.