Инспекциските служби на Општина Аеродром во изминатите денови оставале опомени за неправилно паркираните возила на неколку локации низ општината, со барање до сопствениците да ги отстранат во најбрз можен рок, затоа што во спротивно за нивно отстранување ќе бидат ангажирани надлежните служби.

Од Општината ги потсетуваат граѓаните дека е забрането паркирање и оставање возила, приколки и камп-приколки на плочници и тревници, како и паркирање хаварисани и нерегистрирани возила на јавни површини.

Апелираме до граѓаните на совесно однесување затоа што неправилно паркираните возила ја загрозуваат безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот, предизвикуваат материјална штета на плочниците и зелените површини, а претставуваат и лоша слика за нашата општина – информираат од Аеродром.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.