Со претстојниот ребаланс на буџетот за оваа година и седницата на Советот на 29 август, Општина Аеродром станува првата општина која носи СОЦИЈАЛЕН И ФИНАНСИСКИ ПАКЕТ за помош на сограѓаните кои се најпогодени од економската криза.

Станува збор за економски пакет изработен со помош од експерти и вклучува:

– 1.000 денари месечна субвенција за струја за приматели на социјална помош
– 1.000 денари месечна субвенција за топол оброк и ужина на децата приматели на социјална помош
– 1.000 денари месечна субвенција за топол оброк за деца на самохрани родители со ниски примања
– 1.000 денари месечна помош за приматели на минимална пензија.

-Во услови на економска, енергетска и финансиска криза, наш приоритет е да преземаме чекори со кои ќе се помогне директно на жителите. Најдобар начин за постигнување на нашата цел е кратењето на непотребните трошоци и пренамена на тие средства за помош на семејствата. Општината оваа година, за првпат во своето постоење потроши нула денари за репрезентација и патни трошоци, а овие средства беа пренаменети токму за овој економски пакет, велат од Општината.

Дополнително, помеѓу главните приоритети беше и помошта на родителите со еднократната парична помош од 8000 денари за новороденче и 3500 денари за секое прваче, укинувањето на сите дополнителни трошоци во детските градинки, како и мерката со која сите ученици од четврто одделение ќе добијат таблет од општината, за полесно совладување на образовниот материјал.

Продолжуваме да создаваме соодветни услови за ефикасно, рационално и одговорно управување со нашата општина. Продолжуваме посветено да работиме на проектите кои ги имаме зацртано, а аеродромци се сведоци дека промените се случуваат, се наведува во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.