Општина Центар достави 77 прочистувачи за воздух во седум основни училишта во општината. Денеска, градоначалникот Горан Герасимовски, со претставници од општинските служби, достави 11 прочистувачи на воздух во ООУ „Коле Неделковски“.
Прочистувачите за воздух кои денеска се доставуваат во основните училишта ќе придонесат за слободно извршување на секојдневните задачи на учениците, како и нивна помала изложеност на загадениот воздух и штетните честички. Здравјето е непроценлива вредност за секој човек, затоа Општина Центар има за приоритет да го зачува кај сите граѓани, особено на младите. Прочистувачите за воздух имаат позитивни ефекти со кои ги редуцираат вирусите и бактериите, спречуваат настанување на мувла и влага по ѕидовите и со нивно користење учениците ќе добијат поквалитетен и поздрав воздух во просториите, изјави Герасимовски.
Општина Центар достави прочистувачи за воздух во училиштата „Гоце Делчев“, „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“, „Киро Глигоров“, „Димитар Миладинов“, „Ј.К.Песталоци“ и „11 Октомври“, додека „Св. Кирил и Методиј“ веќе има прочистувачи за воздух во сите простории.
Претходно, општината обезбеди прочистувачи за воздух за сите 3 градинки и 8 објекти-клонови, во висина од 1.600.000 денари преку програмата за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.