Екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје, по големото и силно невреме кое го зафати градот Скопје, се на терен за расчистување на сливниците и шахтите, со цел нормална функционалност на атмосферската канализација.

„Со спроведување на активности од страна на екипите на претпријатието, ќе се продолжи се додека не се овозможи нормална функционалност на атмосферската канализација во сите делови на градот“, велат од претпријатието.

Денес 20-тина крстосници се целосно исклучени или на трепкаво светло и во координација со полиција се регулира сообраќајот, велат од ЈП Патишта. Истовремено, на терен се и ЈП Водовод и канализација.

Истовремено, екипите на ЈП Улици и патишта Скопје интервенираат на улиците кои се поплавени од денешните обилни врнежи од дожд. Денес 20-тина крстосници се целосно исклучени или на трепкаво светло и во координација со полиција се регулира сообраќајот.

Со ангажираност на сите работници и механизација се вршат активности на улиците во сите општини, се исправуваат латерни на семафорите, се санираат дефектите на сите семафори, се санираат оштетените заштитни столбови и екипи во координација со Градот и другите јавни претпријатија вршат активности за отстранување на паднати дрвја, како и за расчистување на шахтите и сливниците.

Екипите продолжуваат со потребните интервенции во текот на целата ноќ со цел да се санираат сите оштетувања на собраќајниците како последица од невремето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.