Градоначалниците на Гази Баба и Бутел Бобан Стефковски и Дарко Костовски, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски положија цвежо цвеќе на Смилковското Езеро по повод годишнината од убиството на момчињата и рибарот.
За посетата на местото на убиството, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук.
Вечна им слава на Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски убиени на Смилковското езеро!
На денешен ден 2012 година на големиот христијански празник Велики Четврток на Смилковското езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски.
Во нивна слава и чест заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Hristijan Mickoski, потпретседателот Vlado Misajlovski, колегата градоначалник на Бутел Дарко Костовски, пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателот на градскиот комитет Бојан Христовски, претседателката на Советот Дијана Илиевска и граѓани од околните населени места запаливме свеќи и положивме свежо цвеќе на местото на убиствата.
Општина Гази Баба заедно со иницијативниот одбор на местото на грозоморното убиство изградија црква “Светите Четириесет Маченици – Младенци“ во траен спомен и помен на загинатите.
Никогаш да не се повтори!
Никогаш да не се заборави, напиша Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.