Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, по повод 10 години од трагичниот настан на Смилковското езеро во кои животот го загубија невини луѓе, утрово положија свежо цвеќе и запалија свеќи пред споменикот пставен на местото на убиството.
За посетата на Смилковското езеро, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална фејсбук страна на која напиша:
Вечна им слава на Филип Славковски, Александар Накевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стевковски невини луѓе кои ги загубија животите на Смилковското езеро.
На денешен ден пред 10 години се случи грозоморниот чин во кои настрадаа Филип, Александар, Цветанчо, Кире и Борче.
Во нивна слава и чест заедно со градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски положивме свежо цвеќе и запаливме свеќи на споменикот поставен на местото на убиството.
Никогаш да не се заборави.Никогаш повеќе да не се повтори. – напиша Стефковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.