Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, во „праудкаст“ кој заеднички ја организираше МИНА и фондацијата Фридрих Еберт, зборуваше за членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан.

„Внатрешните поделби и отворените прашања на Западен Балкан се арена за проширување на странското влијание, особено Русија, која не го прифаќа фактот дека Балканот избра западна ориентација“, изјави Шеќеринска.

Таа додаде дека не зависи сè од земјите од Западен Балкан, но дека во ЕУ мора да преовладува ставот дека проширувањето е геополитички важно и дека не може да се одложува бескрајно за да не дојде до колапс на процесот.

Факт е, изјави Шекеринска, дека поради Украина и настаните во Молдавија и Грузија, на проширувањето за првпат се гледа низ геополитичка призма, по околу 20 години, оценувајќи дека тоа е добра работа.

„Ние не бараме од нив да не ги гледаат нашите маани, туку бараме проширувањето да биде реално и политичката волја на земјите-членки да не биде променлива. Лекцијата што многумина ја научија од македонскиот пример е дека ако некоја од земјите има некаков проблем може да го блокира процесот“, изјави Шекеринска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.