Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, додека македонскиот режисер Игор Иванов-Изи е член на жирито за документарен филм на фестивалот.

Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, селекциониран меѓу 2800 филмови кои годинава конкурираа на фестивалот.

Филмот на Марија Апчевска „Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе од 40 интернационални фестивали и освои неколку награди, како и номинација за Европските филмски награди (EFA) и се квалификува за наградата „Оскар“, во Нанси се наоѓа во натпреварувачката меѓународна селекција и ќе биде прикажан три пати.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, кастинг Кирија А. Николоска. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од „Сервија филм“, Миодраг Поповиќ од „Форгрејд“ од Србија и Петер Шекереш од „Тиволи продукција“ од Унгарија.

„Северен Пол“ е финансиски подржан од Агенцијата за филм и од Српскиот филмски центар.

Во Нанси како член на жирито за документарни филмови се наоѓа и македонскиот режисер и претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија, Игор Иванов-Изи, чии филмови, речиси сите, биле прикажувани на фестивалот во Нанси, кој годинава го има своето 28-мо издание.

Последниот филм „Хомо“ беше селекциониран минатата година во најпрестижната и најпосетената официјална селекција на фестивалот „Под Ѕвездите“, при што беше прикажан под отворено небо и во една од најдобрите кино сали во Франција „Камео“.

Филмот стана вистински амбасадор на македонската култура во Франција, потврда на тоа се излегувањето во комерцијална експлоатација на два македонски филмови во француските кино сали во текот на изминатите години „Господ постои, името му е Петрунија“ и „Медена Земја.

Што се однесува до Меѓународниот филмски фестивал од Нанси, тој е еден од најголемите филмски фестивали во регионот Гранд Ест (Источна Франција). И можеби еден од единствените филмски фестивали во светот, каде што редовно во изминатите дваесетина години редовно се селектирани македонски филмови или македонски копродукции кои се претставувани пред француската публика. Многу од нив се вратија од Нанси и со награди. години во својата селекција има македонски филмови. Тоа не е случајно, бидејќи од од 2013 година, негов претседател и генерален делгат (уметнички директор) е македонско-францускиот новинар Тони Гламчевски, дописник на МИА и МРТ од Франција.

Годинава се одржува 28-то издание на МФФ-Нанси со над 150 краткометражни и долгометражни филмови и над сто проекции.

Воспитно-образовната екипа на филмскиот фестивал од Нанси, во соработка со Центарот за култура на Битола, Францускиот институт Скопје, Француската Алијанса и Конзулат од Битола и со финансиска поддршка од Градот Епинал-Франција, збратимениот град на Битола, во 2019 го одржаа првото издание на фестивалот на Малата Школа за Краток Филм во Битола. Изминатите две години, фестивалот не дојде во Македонија поради пандемијата, но се е подготвено за неговото второ издание оваа есен.

Фестивалот од Нанси, беше и партнер на Меѓународниот фестивал Илинденски денови – за првото издание на Меѓународниот филмски етнографси фестивал во Битола на крајот на јули годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.