Семејството на познатата македонска поетеса Светлана Христова- Јоциќ подари обемен личен фонд на Музејот на македонската борба за самостојност.

Сергеј Андреевски, син на Христова – Јоциќ на Музејот му подари лични документи и предмети како дипломи, награди, признанија, реферати, лични ракописи и слично.

Музејот во текот на 2021 година започна со дополнување на музејскиот фонд преку дарови на лични предмети од семејства на познати историски личности, иницијатива која продолжува и оваа година.

По неколкуте работни средби со директорката Даниела Николова, познатиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, син на Светлана Христова- Јоциќ, со задоволство ја прифати нашата иницијатива да биде дел од семејствата кои ќе донираат лични фондови на музејот, каде овој материјал соодветно ќе се чува и презентира. Фондот вклучува лични документи и предмети како дипломи, награди, признанија, реферати, лични ракописи и слично, велат од Музејот.

Светлана Христова–Јоциќ е македонска поетеса, есеист, писател и поранешен претседател и истакнат член на ДПМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.