Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Скалони изјави дека верува оти неговиот тим може да ја одбрани титулата на Копа Америка, пренесуваат американските медиуми.

Фудбалерите на Аргентина во среда ќе играат против Канада во полуфиналето на Купот на Америка. Репрезентацијата на Аргентина ја брани титулата, откако во финалето на ова натпреварување во 2021 година во Рио де Жанеиро го совлада Бразил со 1:0.

„Целта на овие турнири е секогаш да одиме до крај. Веќе го завршивме првиот дел, се надевам дека ќе стигнеме до финалето, а потоа и до титулата“, рече Скалони на прес-конференцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.